Поврзете се со нас

Мото ГП

Што ли правеа во Индонезија? Организаторите на МОТО ГП ангажираа Шаман да ги растера облаците (Видео)

Објавено

на

Рано утрово на патеката „Мандалика“ беше одржана трката за Големата награда на Индонезија која се возеше за прв пат по 25 години.

Љубителите на мото спортот беа сведоци на доста интересни и непредвидливи ситуации на доста лошото време во Индонезија овој викенд.

Пред самиот почеток на трката имаше обилни дождови, а во еден момент и гром удри на патеката на која за среќа немаше никој па беше избегнат поголем инцидент.

Трката поради временските неприлики беше одложена за еден час, а организаторите на истата дождот и облаците се обидоа да ги растераат така што ангажираа Шаман кој со помош на свој ритуал би допринел за побрзо одржување на трката.

Интересно е тоа што, откако Шаманот си ја заврши работата, времето се поправи, па трката започна, а на истата триумфираше Португалецот,  Мигел Оливера.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни