Поврзете се со нас

Атлетика

Шпански атлетичар ги исплаши фановите со тежок пад на патеката (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/llopis110

Шпанскиот атлетичар Енрике Љоипис ги исплаши колегите на патеката и фановите во салата, откако остана без свест за време на трката на 60 метри со пречки.

Љоипис ја закачи последната пречка и падна на патеката во Истанбул, по што остана без свест, а на патеката мораше да реагира медицинската екипа.

Лекарскиот тим со параван успеа да ја сокрие интервенцијата, а се чини дека Љоипис заработил повреда на вратот.

Најновата вест од шпанските медиуми е дека атлетичарот ја напуштил болницата и наредните денови ќе се врати во својата земја.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни