Поврзете се со нас

АТП

Шок во Мелбурн: Надал елиминиран во второто коло на Аустралијан Опен

Објавено

на

Рафаел Надал нема да може да ја брани титулата на Аустралијан Опен, бидејќи доживеа пораз уште во второто коло на годишното издание на овој грен-слем.

Елиминацијата на Шпанецот е големо изненадување, а тој беше немоќен во дуелот со Американецот Мекензи МекДоналд, против кого не освои ниту еден сет.

Надал имаше проблем со повреда за време на дуелот, се мачеше со движењата и побара и медицински тајм-аут, но не успеа да се консолидира за посакуваната победа.

МекДоналд очигледно максимално мотивиран против фаворитот, го доби мечот во три сета и тоа со резултат 6:4/6:4/7:5 и го оствари најголемиот успех во својата кариера.

Надал не бил елиминиран толку рано од Аустралијан Опен уште од 2016 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни