Поврзете се со нас

Англија

Шмајхел одбрани пенал, но тоа што го направи неговиот колега од Брајтон ги шокираше сите на теренот (Видео)

Објавено

на

Нил Мопеј го матираше Арсенал во самата завршница и се претвори во херој на Брајтон пред неколку дена, но тоа не го повтори денеска бидејќи тој беше играчот кој не го искористи пеналот за триумф на неговиот тим.

Лестер и Брајтон ги поделија бодовите во натпреварот со кој беше отворена денешната програма во Премиер лигата, но Мопеј не беше главен виновник што не видовме гол, туку фантастичниот Каспер Шмајхел кој фасцинантно реагираше и речиси му ја фати жива незгодната топка.

Сепак, првото полувреме од натпреварот ни донесе и една сосема спротивна голманска реакција од другата страна, кога Метју Рајан во 40-та минута за малку не му подари водство на домаќинот.

Австралискиот чувар на мрежата неколку секунди се мислеше и ја бираше најдобрата опција на теренот, но во дадената ситуација очигледно претера со двоумењето, па топката ја упати кон Џејми Варди.

Дури и напаѓачот на Лестер беше изненаден од овој потег на Рајан, а тоа му овозможи на Метју да си ја поправи грешката и да се извади за глупоста која ја изведе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни