Поврзете се со нас

Италија

Шкриниар добил понуда „која не се одбива“ од ПСЖ

Објавено

на

Милан Шкриниар е пред голем предизвик затоа што летово треба да стане јасно дали ќе го напушти Интер и ќе се пресели во редовите на ПСЖ.

Словачкиот репрезентативец добил „понуда која не се одбива“ од францускиот првал, но за реализација на трансферот ПСЖ ќе треба да се договори и со Интер.

„Газета дело Спорт“ тврди дека Шкриниар би заработувал по 7,7 милиони евра по сезона, што е двојно поголема плата од таа која ја добива во Интер и позиција за која „неразурите“ не можат да парираат.

ПСЖ веќе понудил 50 милиони евра за дефанзивецот, но Интер наводно ја одбил понудата очекувајќи поголема сума.

Сепак, италијанскиот вицешампион има предвид дека договорот на Словакот истекува следното лето и може да го задржи само под услов да го убеди да потпише нов договор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни