Поврзете се со нас

Формула 1

Шампионско одјавување на Мик: Младиот Шумахер се искачи на тронот во Формула 2

Објавено

на

Синот на легендарниот Михаел Шумахер, Мик, со шампионската титула од Формула 2 во своите раце се одјави од ова натпреварување.

Во својата последна сезона во Формула 2 шампионатот, Мик Шумахер стигна до шампионската титула иако имаше трка за заборав на трката за Големата награда на Шахир каде го освои 18. место.

Сепак, неговиот најблизок следбеник, британскиот возач Калум Илот заврши на 10. позиција на оваа трка и не успее да ја анулира предноста која ја имаше Шумахер пред стартот на трката.

Така, Мик Шумахер остана на врвот со 14 бодови повеќе од Илот и стигна до шампионската титула во Ф2 со која се одјави и си закажа возбудлива прва сезона во Формула 1 шампионатот каде ќе настапува за тимот на Хас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни