Поврзете се со нас

НБА

Шампионот во очајно издание, Бостон го растури Торонто

Објавено

на

Кошаркарите на Бостон одиграа фантастичен натпревар и без поголеми проблеми го совладаа актуелниот шампион во НБА Лигата, Торонто Репторс со 111:89.

Со оваа победа Бостон стигна до предност од 3:2 во полуфиналето од Источната конференција во НБА лигата.

Од самиот почеток тимот на Бостон ја диктираше играта, а во еден момент кон средината на третиот период имаа и убедлива предност од плус 30 поени.

Селтикси беа предводени од Џејлен Браун кој постигна 27 поени, додека Кемба Вокер и Џејсон Тејтум запишаа по 21 односно 18 поени.

Кај Торонто Фред Ванвлит беше најпрецизен со 18 поени, додека разочараа Кајл Лаури и Паскал Сијакам кои застанаа само на десет поени.

На Западот пак, Лос Анџелес Клиперс славеше против Денвер Нагетс со 113:107 и така стигна до предност од 2:1 во серијата.

Во победничкиот табор уште еднаш одличен беше Пол Џорџ со 32 поени, додека КАвај Ленард застана на 23 поени на кои додаде и 14 скокови.

Кај Денвер стандардно одличен беше Никола Јокиќ кој имаше 32 поени, 12 скокови и осум асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни