Поврзете се со нас

Англија

Шаќири сака да си замине од Ливерпул, меѓу редови посочи во кој клуб сака да заигра

Објавено

на

Џердан Шаќири веќе неколку години е дел од премиерлигашот Ливерпул, но како што стојат работите токму во овој преоден рок може да дојде до разделба.

Швајцарецот го нема посакуваниот статус во таборот на „црвените“ и веќе му соопштил да клубот дека едноставно сака да си замине и да се испроба во нова средина.

-За среќа, фудбалот ми помогна да остварам многу од моите соништа. Имав среќа да играм со одлични тимови и да освојам многу титули. Кој знае, можеби би можел да освојам нешто дури и со репрезентацијата на Швајцарија. Мојот договор со Ливерпул истекува во 2022 година, во 2018 година потпишав четиригодишен договор.

-Најцажното нешто во овој момент во мојата кариера е редовно да играм, но тоа не беше така во последните три сезони. Ова е причината поради која му соопштив на Ливерпул дека се чувствувам подготвен за нов предизвик. Тие ја прифатија мојата желба и сериозно ќе ги разгледаат понудите што ќе дојдат. Тие нема да ме спречат, -истакна Шаќири кој истакна се е во рацете на агентите, но во исто време се одлучи да проговори за Лацио, тим кој се поврзува со него.

-Таре работи одлично во Лацио со години. Ако е вистина дека тој има голема почит кон мене, тогаш сум почестен. Го следам Лацио веќе подолго време, тие се врвен тим. Генерално поради моите карактеристики, сакам да играм повеќе напаѓачки фудбал и Сари тоа го практикува. Би било интригантно, -порача големиот борец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни