Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Серезо: Не го победивме Кристијано Роналдо…….

Објавено

на

Енрике Серезо слави 20-годишнина од периодот кога стана претседателот на Атлетико Мадрид, а вели дека дводецениското претседавање оваа сезона ќе остане запаметено по големата победа остварена на „Олд Трафорд“.

Тимот од шпанската престолнина победи на гостувањето во Манчестер со 0:1 и се пласираше во четвртфиналето во Лигата на шампионите, достигнување кое за Серезо има огромно значење, бидејќи добро знае каква големина има фудбалскиот великан од Англија.

Серезо цели 35 години е во клубот и во последните 20 успешно ја извршува улогата на претседател, а во своето последно обраќање, одново го коментираше значењето на Диего Симеоне.

– Го одигравме натпреварот кој го замислувавме и излезе добро. Требаше да заминеме за Манчестер со предност од 2:0, но ова беше меч на кој се решаваше се и излезе добро по нас. Цели 35 години сум во клубот и тоа е половина живот, беше неверојатно да стигнам до својот 1000-ти меч како претседател во Манчестер, пласирајќи се во четвртфиналето. Не го победивме Кристијано Роналдо, го победивме Манчестер Јунајтед, – вели Серезо по објавите дека Атлетико првпат го елимираше и победи Роналдо во еден натпревар во ЛШ.

– Симеоне? Не постои тренер кој донел толку успеси за клубот во 10 години, мора да се истакне неговата работа. Имаме верба во него, тој е гаранција за успех. Ќе остане во клубот се додека смета дека е потребно, – потенцира Серезо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни