Поврзете се со нас

Свет

Серафимов доби место во најдобриот тим на сезоната во Унгарија (ФОТО)

Објавено

на

Македонскиот дефанзивец, Никола Серафимов доби место во најдобриот тим на сезоната во најсилната фудбалска конкуренција во Унгарија.

Серафимов беше одличен во дресот на Залаегерсег, во повеќе наврати беше дел и од идеалниот состав на колото во шампионатот, па сето ова придонесе да биде меѓу избраните единаесет во кампањата 2021/2022.

Репрезентативецот одигра 31 меч во првенство, даде четири гола и заработи единаесет жолти картони.

Во најдоброто друштво има уште едно познато име за македонската јавност, некогашниот член на Вардар и Шкупи, Јасир Асани кој го носи дресот на Кишварда.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни