Поврзете се со нас

Формула 1

Седма пол-позиција за Шарл: Леклер доби огромна помош од Саинц за да го добие саботниот дуел со Ферстапен

Објавено

на

Шарл Леклер уште еднаш беше најдобар во саботните најави за Ф1 гран при викендите, бидејќи по седми пат оваа сезона ја освои пол-позицијата во пресрет на главната неделна трка.

Возачот на Ферари денеска доби огромна помош од Карлос Саинц во својот последен обид, бидејќи Шпанецот го искористи трикот со заветрина за да му направи услуга на Леклер, кој на крајот беше за влакно побрз од главниот ривал за титулата.

Макс Ферстапен го делеа стотинки од пол позицијата во Франција, но наместо од првото место, утре ќе стартува втор на патеката Пол Рикар.

Традицијата оваа сезона покажа дека пол-позицијата не мора да значи ништо пред влегувањето на главната трка, па утре се очекува сериозен напад од Ферстапен уште од стартот, бидејќи изминативе два дена покажа дека има извонреден ритам.

Трет утре ќе стартува Перез кој успеа да направи напредок по потешкотиите кои ги имаше, во вториот ред уште е Луис Хамилтон, а од петтото до десеттото место се Норис, Расел, Алонсо, Цунода, Рикардо и Окон. Саинц имаше деветто најдобро време, но поради казната ќе стартува од 19-то место.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни