Поврзете се со нас

Македонија

Се врати во матичниот клуб: Китановски повторно ќе го носи дресот на Пелистер

Објавено

на

Македонските фудбалски великани Вардар и Пелистер се активни во самата завршница на преодниот рок, па така откако „црвено-црните“ се пофалија со офанизвецот Кире Маркоски пристигна одговорот од Битола.

Имено нов член на „зелено-белите“ е Томе Китановски, играч со огромно искуство, играч кој потекнува токму од Пелистер. Тој го носеше дресот на овој тим до 2014 година по што замина надвор од нашите граници каде настапуваше во Романија, Србија, Хрватска, Азербејџан, Албанија за да во последниве години игра дома Македонија Ѓорче Петров, Шкупи и Струга Трим Љум.

Со ова битолскиот тим враќа назад уште еден свој син, а времето ќе покаже дали сите направени потези ќе бидат доволно за да Пелистер избори пласман во ПМФЛ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни