Поврзете се со нас

Германија

Се местат коцките за да се исполни желбата на Клоп, Лев и официјално заминува од репрезентацијата на Германија

Објавено

на

Од таборот на Фудбалскиот сојуз на Германија потврдија дека наскоро ќе биде ставен крај на една долгогодишна ера меѓу „панцирите“.

Имено, актуелниот селектор на Германија, Јоаким Лев ќе замине од функцијата по крајот на Европското првенство што ќе се одржи ова лето. Лев е на клупата на репрезентацијата на Германија од 2006 година кога го наследи Јирген Клинсман. Во периодот од 15 години селекторот донесе огромни успеси за „панцирите“.

– Го преземам овој чекор полн со гордост и огромна благодарност, но во исто време продолжувам да бидам мотивиран за претстојното Европско првенство. Горд затоа што за мене тоа е многу специјално и голема е честа што работев со најдобрите фудбалери во земјата изминативе 17 години. Имав големи триумфи заедно со нив, но имаше и болни порази, но пред се многу волшебни моменти,и тоа не е само освојувањето на Светското првенство во Бразил во 2014 година. Јас сум и ќе останам благодарен на германскиот сојуз кој секогаш ми даваше идеални услови за работа, -изјави Јоаким Лев при соопштувањето на конечната одлука.

Овој чекор кој за некои е изненадување, но за некои сосема очекуван, само долева масло на огнот шпекулации кои го поврзуваа стратегот на Ливерпул, Јирген Клоп со селекторската позиција во Германија.

Освен Јирген Клоп, со селекторската позиција на „панцирите“ се поврзува и актуелниот стратег на Баерн Минхен,Ханси Флик кој извесен период му беше асистент на Јоаким Лев во селекцијата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни