Поврзете се со нас

Балкан

Савиќевиќ: Руските фудбалери не се виновни, истото ни се случи во Југославија

Објавено

на

Руските спортисти, клубови и репрезентации се најдоа под сериозни санкции поради ситуацијата во Украина, па најголем дел од нив ќе останат без можност да настапуваат додека не биде донесена поинаква одлука.

Според легендарниот црногорски фудбалер, Дејан Савиќевиќ, ваквата одлука не е коректна. Тој зборувал за суспензијата на фудбалската репрезентација од мундијалскиот плејоф, потенцирајќи дека фудбалерите не се виновни за одлуките на руските политичари.

– Спортистите не се виновни, истото и се случи на Југославија во 1992 година.

– Не го бранам Путин, но на своја кожа доживеав суспензија поради потезите на политичарите.

– Натпреварите секогаш се порака за мир, руските фудбалери немаат врска со одлуката на Путин, како што ние немавме поврзаност со војната во Југославија пред 30 години. Јас како фудбалер загубив три големи натпреварувања, а единствената причина беше политиката, – изјавил Савиќевиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни