Поврзете се со нас

Лига на нации

Сањол e оптимист: Можеме да ја победиме Македонија во Скопје

Објавено

на

Репрезентацијата на Грузија игра одлично на стартот на новото издание на Лигата на нации, па така откако рутински се справи со Гибралтар (4-0) вчера ја растури Бугарија на нејзин терен со 5-2.

Сето ова позитивна енергија, кревање на самодовербата, па предводникот на Грузијците, Вили Сањол е оптмист и верува дека неговиот тим ќе може да ги освои трите бода и против Македонија во Скопје, средба закажана за 9 јуни од 20:45 часот.

-Овие фудбалери покажаа дека имаат победнички менталитет. Дуелот со Бугарија е веќе зад нас и сега се фокусираме на Македонија. Треба да ја вратиме силата и дојдеме до резултат кој го посакуваме, нова победа. Се надевам ќе одиграме на исто ниво и со исти емоции ќе го направиме истото во Скопје, -истакна некогашниот француски репрезентативец, а сега селектор на Грузија.

Во 2020 година одигравме три средби против Грузијците две завршија без победник 1-1, а во последната која беше најважна славевме на нивен терен со 1-0 и обезбедивме место на ЕП во 2020 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни