Поврзете се со нас

Формула 1

Саинц го прекина молкот и му испрати совет на Хамилтон (Видео)

Објавено

на

Карлос Саинц се појави во Италија четири дена по сензационалната „бомба“ која одекна во светската спортска јавност, а со која беше најавено дека Луис Хамилтон ќе го пополни неговото место во Ферари во 2025-та година.

Шпанскиот пилот извиси во дадената ситуација и засега непознато е каде ќе вози наредната година, но Шпанецот при разговорот со новинарите напоменал дека не размислува толку на иднината и се фокусира само на тоа што следи во 2024-та година.

Саинц вечерва бил дел од брифингот со новинарите каде го промовирал и својот нов личен проект, односно го претставил својот картинг „CS55“ кој претходно го возел на патеката во Кремона.

Сосема очекувано, Саинц добил прашање и за најактуелната тема во Ф1 светот, но мора да се признае дека Карлос Јуниор издоминирал со одговорот кој го дал:

– Совет за Хамилтон кога ќе дојде во Ферари? Нека го проба мојот картинг, – со насмевка одговорил Саинц.

– Се чувствувам добро, ова беа интензивни две недели зам ене и моето семејство, како и за сите во Маранело. Јас сум фокусиран на тоа што следи, на сезонатак оја претстои која е многу важна за Ферари. Знам како да се носам со притисокот и со стресот, невозможно е да немате стрес пред една трка како член на Ферари. Оваа година е најважна за мене во кариерата, особено кога влегувате во истата како возач на Ферари, – изјавил Саинц.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни