Лига на шампиони
Руни: Сити никогаш нема да има подобра шанса да ја освои ЛШ

Поранешниот англиски репрезентативец, Вејн Руни смета дека Манчестер Сити нема никогаш да добие подобра шанса за да ја освои титулата во Лигата на шампионите.
„Граѓаните“ нареднава седмица ќе ја имаат втората битка со Реал Мадрид во елитното натпреварување, дуел на „Итихад“ кој ќе го започнат со предност од 2-1.
-Сити можеби никогаш нема да има подобра шанса да ја освои ЛШ. Серхио Рамос е суспендиран што е огромна загуба за одбраната на Реал и мислам дека Сити ќе успее да даде гол. Дали тие се доволно цврсти во дефанзивата е моето единствено прашање.
-Реал ќе се насочи кон стоперите и загрижува тоа што секој тим од големата шестка успеа да го совлада Сити во ова сезона.Ова покажува дека тимот на Гвардиола може да се мачи со најдобрите, -истакна Руни и додаде:
-Видов како Зидан играше против тимовите со стилот на Гвардиола во големите мечеви, му донесе успех. Да моите пари се на Сити. Нема потреба да бркаат, нема потреба да дадат гол. Можат да изгубат со 1-0 и да поминат понатаму, ме изненадија со нивната тактика во првиот меч во Мадрид.
-Првпат видов како Гвардиола игра на тој начин, мислам ќе биде така и на Итихад. Може да биде игра на мачка и глушец, -порача членот на Дерби Каунти.

- Шпанијапред 17 часа
Зидан го впери прстот кон еден играч по поразот од Атлетик Билбао
- Англијапред 18 часа
Маркус Рашфорд откри од кој менаџер добиле совети за изнудување повеќе пенали на натпреварите
- Шпанијапред 19 часа
Зидан нагласи што му недостасува на Азар и заклучи: Ова ќе беше неуспех само во еден случај!
- Англијапред 15 часа
Погба го трга товарот од плеќите на соиграчите: Не можеме да кажеме дека сме на исто ниво со нив
- Англијапред 16 часа
Тотенхем предвреме го раскинува договорот со Герет Бејл?
- Светски првенствапред 11 час
Брестовац: Македонецот не е научен да создава, сака резултат преку ноќ
- Англијапред 16 часа
Рашфорд откри за што најмногу жали во својата досегашна кариера
- Англијапред 18 часа
Хаман искрено за коментарот на Марк Клатенбург за Клоп: Тоа што го кажа е вознемирувачко