Поврзете се со нас

Германија

Румениге на тема Левандовски: Кој продава играч кој дава по 60 голови?

Објавено

на

Еден од најважните луѓе во хиерхархијата на Баерн Минхен, Карл Хајнц Румениге испрати јасна порака кога е во прашање иднината на Роберт Левандовски.

Се појавија одредени шпекулации дека баварците се отворени за неговата продажба, поточно за идејата за разделба со него се со цел да се дојде до некој помлад напаѓач или поточно во случајот Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд.

-Секако дека ќе остане. Кој продава играч кој годишно дава по 60 голови, -кратко искоментира Румениге за „Спорт1“.

Полјакот има договор до 2023 година, сезонава има дадено 46 погодови во сите конкуренции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни