Поврзете се со нас

Германија

Румениге ја потврди одлуката на Баерн Минхен околу Фелипе Кутињо

Објавено

на

Првиот оперативец на Баерн Минхен, Карл Хајнц Румениге ја потврди и официјалната одлука на клубот околу иднината на Бразилецот, Фелипе Кутињо.

Кутињо на „Алијанц Арена“ настапува како позајмен играч од редовите на Барселона,а  „баварците“ имаат опција за целосен откуп на неговиот договор.

Сепак, како што потврди Румениге, Баерн Минхен нема да ја искористи оваа опција, па Кутињо ќе се врати во Барселона.

– Опцијата за откуп на договорот истече и сигурно нема да ја искористиме. Сега цел ни е да ги комплетираме плановите за следната сезона и ќе видиме дали Кутињо и натаму ќе има некоја улога во нашиот тим или не, -изјави Румениге кој со оваа изјава остави простор за преговори со Барселона околу Кутињо,  за по далеку помала сума од таа која претходно беше договорена.

Сепак, голема е веорјатноста Баерн Минхен целосно да се октаже од намерата да го ангажира Кутињо кој многумина веќе го селат во Англија од каде интерес има од Челси и Њукасл.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни