Поврзете се со нас

Италија

Роналдо со посебен коментар објави дека дури денеска го соборил рекордот на Пеле

Објавено

на

Кристијано Роналдо го искористи хет-трикот против Калјари за да им одговори на критичарите кои се нафрлија врз него по елиминацијата на Јувентус од Лигата на шампионите, а денес по дуелот на Сардинија одбил да зборува пред камерите.

Како играч на натпреварот Роналдо бил поканет од „Скај Спорт“ за да даде коментар за натпреварот, но тој само се заблагодарил и заминал во соблекувалната.

По натпреварот, тој преку социјалните мрежи објави подолго соопштение во кое зборува за соборувањето на рекордот на Пеле за најмногу голови во кариерата.

Португалецот смета дека дури денеска ја надминал бразилската легенда, бидејќи предвид имал и некои голови кои другите статистичари не ги припишале на официјалното конто на Пеле.

– Изминатиот период во медиумите имаше многу текстови со кои бев прогласен за најдобар стрелец во фудбалската историја, соборувајќи го рекордот на Пеле од 757 погодоци.

– Иако сум благодарен, сега е време да објаснам зошто досега не го прифатив овој рекорд. Моето големо почитување кон Пеле како и респектот кон фудбалот од средината на претходниот век ме доведоа во позиција да сметам дека тој има постигнато 767 голови, во кои се вклучени тие за државниот тим на Сао Пауло и еден за армиската репрезентација.

– Денес кога постигнав 770 голови, моите први зборови се упатени кон Пеле, бидејќи нема фудбалер на планетава кој не растел со информации и прераскажувања на неговите голови, победи и освоени трофеи, – напиша Роналдо, подоцна заблагодарувајќи им се на сите кои му дале поддршка во кариерата.

Португалецот на крајот порача дека ќе продолжи да постигнува голови и да освојува трофеи со Јувентус и Португалија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни