Поврзете се со нас

Италија

Романо пренесува скандалозни вести: Луис Суарез со измама стигнал до положување на тестот по италијански јазик

Објавено

на

Минатата недела Луис Суарез беше во центарот на вниманието на јавноста на Апенинскиот полуостров затоа што пристигна во Италија за да ја среди целата процедура околу добивањето италијански пасош.

Сопругата на Суарез е од Италија, па тој има можност да го добие италијанското државјанство, но за да сеслучи тоа требало да помине испит по италијански јазик.

Суарез се појави на испитот во Перуџа и истиот го положил земајќи го нивото Б1, што е и повеќе од доволно за да се дозволи тој да добие пасош.

Угледниот италијански новинар на својот Твитер профил денеска објави дека Суарез  тестот го положил со измама и дека околу целата таа процедура има низа неправилности.

Првичната истрага на Анса покажала дека Суарез веќе ги добил прашањата кои ги имало на тестот и дека истите ги поминал со измама.

Доколку истрагата потврди дека има неправилности со сигурност тестот ќе биде поништен, а постои можност Суарез да добие и забрана за добивање на италијански пасош.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни