Поврзете се со нас

АТП

Ролан Гарос со мали шанси да биде организиран во традиционалниот термин

Објавено

на

Годинешното издание на Ролан Гарос може да биде второ по ред кое нема да се одржи во традиционалниот термин, иако не е јасно дали може да биде поместено како во 2020 година.

Француската министерка за спорт денеска открила дека разговарала со Француската тениска федерација на оваа тема и не ја исклучува можноста за одложување на тенискиот грен-слем.

Тој треба да се одржи меѓу 23 мај и 6 јуни, но ситуацијата со пандемијата ги комплицира работите.

– Разговараме со претставници на федерацијата за тоа дали терминот на одржување треба да биде усогласен со активностите во другите спортови. Во моментов најважните првенства се одигруваат, но се обидуваме да го намалиме ширењето на вирусот на големите настани, – изјавила Роксана Марачинеану.

Првиот човек на тениската федерација пак вели дека засега сите опции се во игра, вклучувајќи ја таа да се игра без публика, а главната надеж е забрзувањето на имунизацијата на Французите и намалување на бројот на заразени со коронавирусот.

Минатата година Ролан Гарос се одржа меѓу 27 септември и 11 октомври, но прашање е дали и годинава ќе може да се искористи таквата варијанта.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни