Поврзете се со нас

Свет

Ривалдо состави идеален тим и изненади многумина со својот избор

Објавено

на

Ривалдо остави сериозен печат на светската и европската фудбалска сцена, а Бразилецот и натаму е актуелен со своите анализи и коментари на актуелните фудбалски случувања.

Во својата последна медиумска активност, Ривалдо составил идеален фудбалски тим на сите времиња, а со него направи и неколку изненадувања.

Најголемото е дека во идеалните единаесет не вклучи легенди од типот на Пеле и Марадона, туку се одлучи за нивни современици.

На голманската позиција го избрал сонародникот Дида, на стоперските позиции се Пујол и Малдини, додека бековските позиции се резервирани за Бразилци, односно Кафу и Роберто Карлос.

Во средината се Чави, Зидан, Фиго и Роналдињо, додека во нападот Ривалдо ги избрал Роналдо и Меси.

– Играв со многу големи фудбалери, но со Роналдо уживав најмногу. Најдобар на сите времиња, – изјавил Ривалдо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни