Поврзете се со нас

Формула 1

Рикардо победи во Монца, прва еден-два победа на Мекларен по 2010 година

Објавено

на

Мекларен профитираше најмногу од инцидентот на Луис Хамилтон и Макс Ферстапен, па Даниел Рикардо и Ландо Норис обезбедија еден-два победа на Монца.

Рикардо и Норис имаа солидни почетни позиции, Рикардо уште на стартот го презема првото место од Макс Ферстапен, па тоа беше потврда дека ќе се борат за подиумот на Формула 1 трката за Големата награда на Италија.

На средина на трката дојде до инцидентот во кој Хамилтон и Ферстапен ја завршија трката, а оттогаш Рикардо и Норис не ги испуштија водечките позиции.

Рикардо оствари Формула 1 победа првпат по 2018 година во Монако, а ова е и негов прв триумф во болидот на Мекларен.

Истовремено, ја имаме и првата еден-два победа за Мекларен уште од 2010 година, кога ваков успех за екипата донесоа Луис Хамилтон и Џенсон Батон и тоа во Канада.

Победничкиот пиедестал денеска го комплетираше Валтери Ботас, кој извозе фантастична трка ако се знае дека стартуваше последен.

До десеттото место се најдоа Леклер, Перез, Саинц, Строл, Алонсо, Расел и Окон.

Дуел на ривалите за крај на трката: Болидот на Ферстапен заврши врз тој на Хамилтон (Видео)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни