Свет
Репрезентативецот во елемент: Хап одигра скоро без грешка во пресметката со евролигашот Валенсија (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец, Итан Хап се прикажа во одлично издание во победата на Гран Канарија над Валенсија (79:71) во пресметката во АЦБ лигата.
Домаќините имаа проблеми во првата и третата четвртина, па мораа во втората и последната да се враќаат во игра со тоа што тие завршни минути беа навистина специјални, добиени со 28:15 за пресврт и голема победа со која избраниците на Лаковиќ го минаа евролигашот на табелата.
Хап беше еден од хероите со оглед на тоа што беше прв стрелец со 20 поени, учинок до кој дојде само со едно промашување и тоа од линијата за два поени (6/6 за еден, 7/8 за два). Центарот собра и 4 скока и забелеа 3 асистенции.
На другата страна се истакна Дејвис со 24 кошеви.
-
НБА14 часа
Ерата Дончиќ започна со охрабрувачка победа, несопирливиот Јокиќ броеше до 40 (Видео)
-
Свет12 часа
Модриќ ја издвои омилената „десетка“ од младите ѕвезди: Тој има светла иднина
-
Шпанија11 часа
Марсело играше со безброј ѕвезди во Реал, но останал посебно изненаден од еден соиграч: Не му се одземаше топката
-
Франција10 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
НБА10 часа
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)
-
Балкан13 часа
Јеличиќ: Ристовски последниот добар меч го одигра уште кога не постоеше Северна Македонија
-
Лига на шампиони14 часа
Белингам со спомени од минатогодишното четвртфинале со Сити: Бев умрен од страв, но…..
-
Англија23 часа
Ловрен за ситуацијата на Салах во Ливерпул: Знам многу работи…