Поврзете се со нас

Балкан

Репрезентативецот во блескаво издание: Даци со два гола му пресуди на Галатасарај (ВИДЕО)

Објавено

на

Младинскиот репрезентативец, Ердон Даци блескаше во дресот на Коњаспор во денешниот првенствен натпревар против Галатасарај во првата лига на Турција.

Домашниот состав направи изненадување и во супер интересен и драматичен натпревар славеше со 4-3, резултат за кој голема заслуга има нашиот Даци. Имено нашиот офанзивец стрелаше во 41 и 46 минута носејќи му водство на Коњаспор од 1-0 и 2-1.

Галатасарај успеваше да се врати и да го израмни резултатот, но домаќините исто знаеја да одговорат и на крајот со нови два погодоци да се изборат за победа, шеста на 16 меч во Суперлигата.

За 22-годишниот Даци ова беа први голови во шампионатот, Коњаспор со 22 бода е на 8 позиција на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни