Шпанија
Ремек-делото на Рачиќ го налути Атлетико, Суарез со роденденски погодок ја среди Валенсија (Видео)

Атлетико Мадрид на два натпревари во низа покажа дека знае да победува и кога прв прима гол, па дури се опоруавува и во ситуација кога Јан Облак е немоќен по ремек-дело какво што изрежира Урош Рачиќ.
Србинот од редовите на Валенсија на најдобар можен начин го отвори дербито на „Ванда Метрополитано“ и постигна спектакуларен гол за водство од 0:1, погодок со кој се покажа дека само го разлути непогрешливиот Атлетико, кој очигледно знае да забрза и да додаде гас во ситуација кога има негатива на семафорот.
Лидерот во Примера брзо израмни со голот на Жоао Феликс по еден корнер од десната страна, па со резултат 1:1 се замина на паузата што беше најава за возбудливи втори 45 минути.
Во вториот дел, Луис Суарез самиот си подготви подарок по повод својот 34-ти роденден, бидејќи славеникот одново се запиша во листата на стрелците и со својот гол му донесе водство на Атлетико во 54-та минута. Со истиот, Суарез одново се врати на врвот на листата како најдобар голгетер во Примера, бидејќи ова е 12-ти погодок за него откако го облече дресот на мадридскиот клуб.
До крајот, конечните 3:1 во дербито ги постави резервистот Анхел Кореа, резултат со кој Атлетико одново отиде на „плус седум“ во однос на Реал Мадрид во ситуација кога има и натпревар помалку. Само за напомена, досега никој во историјата не успеал да пропушти позитива од седум бода на средина на сезоната, односно во таква ситуација, тимот со ваква предност секогаш станувал шампион.

- Лига на шампионипред 24 часа
Зидан искрен по победата над Аталанта: Не бевме најдобри иако имавме играч повеќе
- Лига на шампионипред 15 часа
Зидан откри интересна анегдота за стрелецот на голот и нагласи: Ова беше воиграна акција од тренинзите! (Видео)
- Лига на шампионипред 15 часа
Бесниот Гасперини со предлог до УЕФА какви судии да делегира во иднина: Ова е самоубиство на фудбалот!
- Италијапред 10 часа
Даглас Коста незадоволен од престојот во Баерн Минхен, најави каде би можел да продолжи
- Лига на шампионипред 13 часа
Иличиќ бесен откако беше изваден по само 30 минути игра, Гасперини веднаш му возврати
- Англијапред 11 часа
Европските гиганти се „испотепаа“ за фудбалер од втората англиска лига: Бекот на Норвич прави супер трансфер
- Италијапред 11 часа
Интер потврди пет случаи позитивни на Ковид-19
- Англијапред 14 часа
Шок за голманот на Ливерпул: Таткото на Алисон се удавил пливајќи во езеро во Бразил