Поврзете се со нас

Евролига

Реал му се одмазди на Анадолу Ефес, Барселона конечно славеше во Тел Авив (ВИДЕО)

Објавено

на

Кошаркарите на Реал Мадрид славеа над Анадолу Ефес со 94-85 во средбата од 7.коло во Евролигата.

Ова беше своевидна реприза на финалето од минатата сезона, односно „кралевите“ се одмаздија за тој болен пораз во Белград. Домаќините беше подобар тим, го надигра противникот во три од четирите четвртини и заслужено дојде до четвртиот триумф во кампањата.

Дек и Поарие уфрлија по 13 поени, додека по 11 имаа Ханга и Јабуселе. Залудни за гостите беа 25 коша на Клајбурн.

Барселона пак го доби Макаби со 87-79. Ова за каталонците беше прва победа во Тел Авив по 2016 година.

Во прв план беше Лапровитола со 19 поени, Хигинс уфрли 15, Тоби 14, а еден помалку Абринес. Шпанскиот репрезентативец Браун пак со 18 ја преводеше листата на стрелци кај домаќинот.

Останати резултати: Алба-Баерн 77-79, Асвел-Жалгирис 76-93, Олимпијакос-Партизан 87-58, Фенербахче-Црвена Звезда 93-79,

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни