Поврзете се со нас

Македонија

Разиграниот ТФТ му го нанесе третиот пораз на Кожув

Објавено

на

Кошаркарите на ТФТ Скопје остварија убедлив триумф над Кожув од 83-62 во првиот натпревар од петтото коло во домашниот шампионат.

Домашниот состав беше на далеку повисоко ниво од противникот, пред се во првото полувреме во кое ја направи клучната предност (55-34), а потоа истата ја одбрани во продолжението.

Ова за ТФТ беше второ сезонско славје и во истото блескаше тројката Смит, Андерсон и Херис кои уфрлија по 23 кошеви. Кај Кожув кој има 0-3 на почетокот на оваа кампања најдобар стрелец беше Максвел со 17 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни