Поврзете се со нас

НБА

Ражнатовиќ: За Јокиќ беше нормално да јаде пола пита бурек и да пие по два литри Кока-Кола

Објавено

на

Лос Анџелес Лејкерс со добрата одбрана успеа да го скроти ударниот двоец на Девнер Нагетс, па токму поради тоа поведе со 1:0 во финалната серија на Западот во НБА лигата.

„Езерџиите“ победија со 126:114 и најдобар поединец на теренот беше Ентони Дејвис 37 поени и 10 скокови, а иако во Денвер најефикасни беа Јокиќ и Мареј, сепак нивните 42 поени не беа доволни за да се носат со фаворитот. Српскиот кошаркарски „Џокер“ и Мареј ќе имаат нова шанса за докажување за два дена, а пред да дојде до тоа, апсолутен хит стана изјавата која ја даде познатиот кошаркарски менаџер, Мишко Ражнатовиќ.

Агентот кој го откри Јокиќ и кој го однесе во НБА лигата откри една интересна анегдота за актуелната ѕвезда на Денвер, признавајќи дека не можел да замисли дека ќе достигне вакви висини во најдобрата кошаркарска лига во светот.

– Секако дека на почетокот не можев да замислам дека Јокиќ ќе има ваква кариера. Да бидам искрен, бев презадоволен кога на НБА драфтот беше 41-ви пик. Тоа беше одличен резултат, но и показател дека тие бројки не значат ништо во реалната кошарка. Имаше среќа што дојде во добра средина која му даде шанса да напредува и да покаже што знае. Од година во година е се подобар и мислам дека дополнително ќе напредува, – вели Ражнатовиќ за „Индекс“, а човекот кој беше агент и на нашиот Перо Антиќ ја открива и лудата „диета“ која ја практикувал Србинот.

– Не беше баш ист како на оние фотографии кои кружат на интернет, но кога јас го запознав, имаше вишок килограми и беше значително физички послаб од другите. Кондицискиот тренер го извади од тимот за да му го доведе телото во ред, за да може да тренира со другите. Јокиќ покажа дека не е потребно да имате многу мускули, навистина ми е мило што им покажа на децата како можат да завршат во НБА лигата. Беше нормално за него да јаде по пола пита бурек и да пие по два литри кока-кола. Неговиот брат му помогна да ја промени исхраната, – открива Мишко.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни