Поврзете се со нас

Франција

Рамос за соработката со Меси: Многу години страдав кога играв против него…

Објавено

на

Серхио Рамос и Лионел Меси долги години беа големи ривали, фудбалски непријатели носејќи ги дресовите на шпанските великани Реал Мадрид и Барселона.

Тие водеа многу борби, вистински битки на теренот, па за многумина и понатаму е многу чудно кога сега ќе ги видат заедно во дресот на Пари Сен Жермен. Меѓутоа фудбалскиот пат, животот е непредвидлив и еве нивните приказни, кариери се споија во Франција во тимот кој има големи амбиции да го освои тронот во ЛШ.

Шпанецот и Аргентинецот знаат како тоа се прави, па ќе бидат од голема помош за оставрување на таа амбиција. Рамос отворено говореше за Меси и како е сега да се има за соиграч.

-Тоа е нешто што мислам дека генерира љубопитност кај сите. Ама на крајот, ние сме играчи кои имаат иста цел, а тоа е да победиме со Пари Сен Жермен и да го направиме тимот голем. Мојот однос со Меси е одличен. Има голема почит меѓу играчите и здрава состојба на умот.

-Секогаш кога ќе ви се даде избор да го имате Меси со или против вас, одговорот е брз и искрен. Лео продолжува да настапува на највисоко ниво. [Меси] се уште е еден од најодлучувачките играчи во светот и еден од најдобрите, привилегија е да го имам во тимот. Многу е полошо да го имаш против тебе, јас страдав против него многу години, -порача искусниот дефанзивец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни