Поврзете се со нас

Македонија

Ракометниот „бисер“ од Данска: Некои сонуваат за ПСЖ и Барселона, јас сонувам да заиграм за Вардар!

Објавено

на

Ракометниот клуб Вардар доби сериозна слава и популарност на интернационално ниво со свете освоени титули во Лигата на шампионите, но наспроти сите успеси на двата Ф4 турнири во Келн, „црвено-црните“ посебно се познати во Европа како тимот кој ги има најдобрите и најстраствените навивачи.

„Јане Сандански“ често добива епитет на ракометен пекол за сите гостински тимови поради неверојатната атмосфера која се создава во салата во која играат милениците на скопските ракометни фанови, а интересно, токму ваквиот впечаток кој го остава македонската престолнина воодушевува еден од најталентираните ракометари од Данска.

Деветнаесетгодишниот Симон Питлик важи за еден од најнадежните бекови во Европа и веќе го докажува својот потенцијал играјќи за ГОГ Гудме каде настапува во новоформираната Лига Европа, а како таков, открива дека негов сон не е да заигра моќните и богати Барселона и ПСЖ, туку за се уште актуелниот првак Вардар.

– Имав можност да одам доле во Македонија и го гледав Вардар на домашен терен. Ме импресионираше атмосферата во салата, начинот на кој играчите играа и го доживуваа ракометот заедно со навивачите во салата. Тоа го доживеав како дете и од тогаш сонувам за заиграм таму, – открива Питлик кој имал можност да дојде во Скопје во периодот кога неговиот татко Јан работеше во женскиот тим на Вардар.

– Долго размислувам за тоа. На некого му е сон да оди во Франција, Шпанија или Германија, но јас сонувам за неколку години да заиграм на Балканот, – вели тинејџерот Питлик кој постигна седум гола на натпреварот против Еурофарм Работник.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни