Поврзете се со нас

Англија

Рајс го „собра“ внук му со лизгачки старт по ремито со Сити (ВИДЕО)

Објавено

на

Вест Хем се избори за позитивен резулат на средбата со Манчестер Сити која за нив беше последна за оваа сезона на домашен терен во Премиер лигата.

„Чеканите“ водеа со 2-0, но фаворитот се врати во вториот дел, израмни на 2-2, а потоа Марез промаши и пенал за целосен пресврт. Сепак ремито од 2-2 донесе задоволство кај клубот од Лондон, па така ѕвездата Деклан Рајс одлучи да се забавува со подмладокот, децата, па дури и да ги посрамоти.

Најбруален беше кон неговиот внук кого во една ситуација му ја протна топката низ нозе за да потоа со еден лизгачки старт го испрати на тревникот.

Интересно е што истото тоа детенце му покажа и среден прст на легендата на клубот Марк Нобл.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни