Поврзете се со нас

Формула 1

Раиконен им испрати порака на Ф1 фановите откако не ја заврши својата последна трка во кариерата

Објавено

на

Кими Раиконен денеска ја извозе последната трка во својата блескава Ф1 кариера, но за жал истата не ја заврши поради дефект на својот Алфа Ромео болид.

Легендарниот Финец не ја комплетираше трката за Големата награда на Абу Даби, но и покрај тоа, беше избран за возач на денот од страна на големите Ф1 фанови, кои подоцна добија искрена порака од популарниот „Ајсмен“ кој обично не е расположен за долги изјави.

– И покрај резултатот, убаво е да се види дека толкав голем број на Ф1 фанови изразија почит за мојата кариера и затоа сум им многу благодарен. Трката не мина како што се надевавме, но ова е тркачки спорт и се случуваат такви работи.

– Овој пех не го менува тоа како се чувствувам за мојата кариера. Среќен сум што сега ќе се свртам кон нормалниот живот и се радувам на тоа. Секако, ќе ми недостасуваат фановите и големиот број луѓе кои ги запознав во текот на годините. 20 години минаа навистина брзо, создадов многу спомени, некои многу убави, некои не толку, но засекогаш ќе ми останат во сеќавање, – изјави Раиконен.

Кими Ф1 кариерата ја завршува со 348 стартови и по оваа категорија е апсолутен рекордер, а како што е претходно познато, најголемиот успех го оствари во 2007-ма година кога ја освои својата единствена Ф1 титула, но и последна за Ферари.

На неговата последна трка во кариерата се решаваше и Ф1 титулата, а истата замина во рацете на Макс Ферстапен кој во последниот круг на Јас Марина го престигна седумкратниот светски првак Луис Хамилтон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни