Поврзете се со нас

Македонија

Работнички се засили со интернационалец од БиХ (ВИДЕО)

Објавено

на

Најтрофејниот македонски кошаркарски клуб Работнички доведе уште едно засилување за натпреварувачката 2021/2022.

Станува збор за интернационалецот од Босна и Херцеговина, Недим Мустафица кој се одлучи да го прифати повикот од Скопје. Мустафица во изминатиов период играше одлично во Промо и со тоа го привлече вниманието на останатите екипи.

Недим како капитен на Промо имаше учинок од 17,1 поени и 7,5 скока, а токму тоа му донесе трансфер во Македонија, во Работнички кој во престојната кампања ќе биде предводен од Тони Симиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни