Поврзете се со нас

Шпанија

Првиот човек на Ла Лига го објави распоредот, познати термините за дуелите на Реал и Барселона

Објавено

на

Шпанското фудбалско првенство се враќа по паузата поради коронавирусот, а веќе беше познато дека првиот натпревар по рестартот ќе биде градското дерби меѓу Севилја и Бетис.

Тој дуел е закажан за на 11 јуни од 22 часот, а вечерва првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, ги откри термините и за целосното коло со кое ќе се означи враќањето на шпанската елитна лига.

На 12 јуни, во петок, ќе се одиграат два натпревара, односно дуелите Гранада-Хетафе и Валенсија-Леванте, за преостанатите седум средби да бидат резервирани за викендот.

Во сабота ќе се одиграат четири натпревари, при што Барселона и гостува на Мајорка во доцниот термин од 22 часот, додека Реал Мадрид ќе им се врати на натпреварите со средбата против Еибар, во недела од 19:30 часот.

Послниот натпревар од ова коло ќе го одиграат Реал Сосиедад и Осасуна, во недела од 22 часот. По 27 комплетирани рунди, Барселона има два бода повеќе од Реал Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни