Поврзете се со нас

Италија

Прва работа во Италија: Станковиќ ќе води тим од Серија А

Објавено

на

Дејан Станковиќ веќе некое време е без ангажман откако одлучи да си замине од Црвена Звезда, но тоа за брзо време ќе се промени и Србинот ќе го гледаме во Серија А.

Имено некогашниот ас на Лацио и Интер е на добар пат да стане нов тренер на екипата на Сампдорија. Клубот од Џенова се раздели со Марко Џамполи по поразот од Монца од 3-0, па иако се споменуваа и имиња како Клаудио Раниери и Роберто Д’Аверса на крајот изборот е Станковиќ кој има доста искуство во Италија, ама засега нема видено клуб, поточно беше само асистент во Удинезе.

Според Фабрицио Романо се е договорено меѓу страните, одтснува уште договорот да биде потпишан и со тоа официјализиран.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни