АТП
Противпожарен аларм го прекина налетот на Ѓоковиќ, но не можеше да спречи 1000. победа во кариерата! (Видео)

Новак Ѓоковиќ ќе брка нова титула во кариерата во финалето во Рим, рунда до која дојде откако денеска повторно во вечерниот термин беше подобар од својот ривал.
Ноле вчера го надигра импресивниот Феликс Оже Алиасим, додека денеска имаше за нијанса полесна задача и заслужено го совлада Каспер Руд од Норвешка.
Светскиот рекет број еден го започна мечот на врвно ниво и со страшен ритам поведе со 4:0 и 5:1, но кога беше во сериозен налет, следеше чуден расплет во италијанската престолнина. Лажен противпожарен аларм го прекина мечот на неколку минути и сите останаа шокирани, но откако беше изгаснат, Руд влезе подобро во мечот.
Каспер врати еден брејк и успеа да дојде до 5:4, но Ноле во следниот свој сервис го завери првиот сет со 6:4. Во вториот, израмнето беше до 3:3, по што Србинот освои три гејма во низа и ја осигура победата.
За него, ова е специјален триумф, бидејќи стигна до јубилејна 1000-та победа во кариерата на АТП турнирите, што дополнително говори за каков тениски бесмртник станува збор. Ноле во утрешното финале за трофејот ќе се бори со Стефанос Циципас кој порано денеска беше подобар од Саша Зверев.
Setting the stadium ablaze with his tennis 🔥@DjokerNole #IBI22 pic.twitter.com/sIAHOLLM4G
— Tennis TV (@TennisTV) May 14, 2022
-
Светпред 23 часа
Инсиње откако стана најплатен играч во историјата на МЛС: Не дојдов поради парите
-
Светпред 24 часа
Досегашниот капитен на Сити се врати на почеток: Дојде еден дедо за да ви помогне (Видео)
-
Англијапред 13 часа
Пресврт во најава: Манчестер Јунајтед договорил трансфер на холандски репрезентативец
-
АТПпред 22 часа
Мари го изненади противникот со својот потег: Овој удар е дозволен во тенисот (Видео)
-
Англијапред 19 часа
Не е само Стерлинг: Тухел сака да купи уште една стандардна резерва на Гвардиола
-
Англијапред 19 часа
Тен Хаг уште на првиот тренинг ги потсетил играчите на едно правило од времето на Фергусон
-
Светпред 20 часа
Тите: Оној тренер кој го игра Нејмар на крило е магаре!
-
Шпанијапред 21 час
Клајверт: Лапорта дојде и си стави свој познаник на мое место