Поврзете се со нас

Македонија

Продолжува победничкиот од на Пелистер, МЗТ Скопје го „положи оружјето“ пред своите гледачи

Објавено

на

Екипата на Пелистер го продолжи стопроцентниот учинок во домашниот кошаркарски шампионат откако денеска славеше во дерби пресметката против МЗТ Скопје со 93:78.

Натпреварот кој се одигра во „Јане Сандански“ го потврди епитетот дерби затоа што бевме сведоци на неколку пресврти и драматични моменти на средбата од која на крај бодовите ги однесе гостинскиот тим.

Пелистерци беа доста шутерски расположени погодувајќи дури 19 тројки на целата средба, од кои повеќето дојдоа во вториот дел.

Најефикасен на средбата беше Игор Кесар со 30 поени, додека кај Пелистер се истакнаа и Бобан Стајиќ и Никола Малешевиќ со по 14 поени. Во домашниот табор најефикасен беше Дамјан Стојановски со 16 постигнати поени.

Со овој натпревар се спушти завесата во домашниот кошаркарски шампионат за 2021 година, а првенството ќе продолжи во третата недела од јануари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни