Англија
Признание за легендите: Фергусон и Венгер се првите менаџери во „Куќата на Славните“ на Премиер лигата

Сер Алекс Фергусон и Арсен Венгер се двајца стратези кои оставија голема трага во англискиот фудбал, па сосема очекувано тие како дуо добија признание и станаа првите менаџери примени во „Куќата на Славните“ во Премиер лигата.
Се работи за тренери кои ги водеа Манчестер Јунајтед и Арсенал, создадоа големо ривалство, ривалство кое му донесе огрома популарност на премиерлигашкиот фудбал. Заедно искомбинираа 16 пехари во ПЛ, соборија рекорди и со новата награда само додадоа уште една ѕвезда во нивните биографии, кариери.
-Јас сум навистина среќен што сум примен во Куќата на славните во Премиер лига. Чест е кога ќе го добиете ова признание. Сепак, не станува збор само за мене. Станува збор за работата во Јунајтед и врска што ја имавме многу години, така што јас сум горд на клубот, стручниот штаб и играчите, -порача Ферги.
-Би сакал да бидам познат како некој што го сакаше Арсенал, кој ја почитуваше клупската вредност и ја остави во позиција во која може да расте и да стане уште поголем – истакна Венгер.
-
Англијапред 14 часа
Ливерпул го обезбедил и второто засилување во новиот преоден рок
-
Шпанијапред 16 часа
Анчелоти избрал замена за Бензема, Флорентино не дава зелено светло за трансферот
-
АТПпред 11 часа
Надал го најави полуфиналето на Ролан Гарос: Алкарас е во подобра форма, но Ѓоковиќ…
-
Светпред 15 часа
Суарез го коментирал можното реактивирање на тандемот со Меси во Интер Мајами
-
Францијапред 15 часа
ПСЖ има нова стратегија, ќе ангажира дури седум фудбалери под исти услови
-
Германијапред 13 часа
Баерн Минхен го промовираше првото летно засилување
-
АТПпред 4 часа
Ѓоковиќ откри што му кажал на Алкарас: Видов дека се мачи…
-
АТПпред 6 часа
Алкарас го имаше поенот на годината, Ѓоковиќ не можеше да поверува (ВИДЕО)