Поврзете се со нас

Англија

Потер откри дека е во контакт со сопствениците на Челси по најавите дека ќе заработи отказ

Објавено

на

Грем Потер потешко од очекувањата ја започна својата авантура како нов тренер на Челси откако пред неколку месеци го замени Томас Тухел на оваа позиција.

Некогашниот стратег на Брајтон мака мачи да поврзи неколку позитивни резултати во серија, а Челси со своите игри не ветува дека и во иднина може да стигне до пласман во самиот врв на англискиот фудбал.

Токму затоа веќе се појавија шпекулации дека Потер би можел да биде сменет, а на истите шпекулации свој коментар даде и самиот тренер на Челси кој истакна дека засега нема никаква вистина од написите во јавноста.

– Редовно контактирам со сопствениците и тие навистина ме поддржуваат, тоа е фантастично. Зборуваме редовно, два-три пати во неделата. Работата во Челси веројатно е најтешката работа во светот на фудбалот, -изјави Потер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни