Поврзете се со нас

Италија

Последниот испад ја прели чашата: Балотели нема да го дочека крајот на сезоната во Серија А

Објавено

на

Контроверзниот италијански напаѓач, Марио Балотели, како што стојат работите нема да го дочека крајот на сезоната во Серија А.

Сите релевантни медиуми на Апенините пренесуваат дека контроверзниот 29 годишен фудбалер добил раскин на договорот со тимот на Бреша откако пред неколку денови не се појави на закажаните тренинзи.

Тоа многу го налутило првиот човек на клубот, Масимо Селино кој сторил се за Балотели да остане без договор.

Така, на фудбалерот кој минатото лето стигна в Бреша и потпиша договор до 2022 година сега истиот му е раскинат поради грубо кршење на тимските правила.

Инаку, Балотели претходно добил одврзани раце од тренерот на клубот и да доцни на тренинзите, а тоа често го правел и на крај не ја испочитувал довербата која му е дадена од клубот.

„Газета дело Спорт“ пишува дека Балотели сакал да го тужи тимот на Бреша затоа што предвреме бил раскинат договорот, но неговите адвокати го посоветувале да не го прави тоа туку да се согласи за предвремен раскин на соработката.

Се очекува во текот на денешниот ден оваа вест да биде и официјално потврдена. Следна дестинација на Балотели веројатно ќе биде МЛС лигата од каде има интерес од неколку тимови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни