Поврзете се со нас

Италија

Португалецот со очајна реакција: Роналдо повторно се посрамоти во живиот ѕид на Јувентус (Видео)

Објавено

на

Кристијано Роналдо не постигна гол на дуелот со Парма, па иако Јувентус на крајот победи, фановите повторно негодуваат за неговото однесување кога е дел од живиот ѕид.

Португалецот не скокна со своите соиграчи по ударот на Гастон Бругман, а таа дупка во живиот ѕид се покажа како клучна за водството на Парма и фактот што Џиџи Буфон не можеше да интервенира за да спречи погодок.

На Роналдо ова му се случува вторпат во краток период, откако реагираше катастрофално во живиот ѕид и на дуелот со Порто во Лигата на шампионите, а тој погодок беше клучен за елиминација на Јувентус во осминафиналето.

По натпреварот со Парма, Андреа Пирло добил прашање за тоа дали ќе го елиминира Роналдо од поставувањето во жив ѕид при прекините.

– За жал, се случуваат такви работи. Сепак, ни останува да ја анализираме ситуацијата и да донесеме одлука наредните денови, – изјавил Пирло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни