Поврзете се со нас

НБА

Поранешен НБА шампион без влакна на јазикот: Ако го ставите мозокот на Ирвинг во глава на птица, ќе почне да лета наназад!

Објавено

на

Кендрик Перкинс немаше некоја позначителна кариера на индивидуален план, но сепак може да се пофали дека има освоено шампионски прстен во НБА лигата, без оглед на тоа што имаше секундарна улога во тимот на Бостон во 2008-ма година.

Перкинс се пензионираше пред две години како играч на Кливленд, тим во кој своевремено ја делеше соблекувалната и со големата НБА ѕвезда Кајри Ирвинг која сега е најкотроверзна во овој чувствителен период.

Играчот на Бруклин се противи за продолжување на НБА сезоната и дури планираше да организира дополнително натпреварување како алтернатива за најсилата лига во светот, но неговиот предлог е до толку лош, што Перкинс со потсмев го искоментира неговото размислување.

– Кајри е комплетно збунет, се гледа дека не знае што прави. Му недостигаат лидерски капацитети. Како потпретседател на Асоцијацијата на играчи, прво бараше да се доигра првенството, а сега е против доигрување.

– Ако го ставите мозокот на Кајри во главата на птица, таа ќе почне да лета наназад, – брутален беше Перкинс кој сега работи како аналитичар за „ЕСПН“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни