Поврзете се со нас

Англија

Поранешен играч на Реал: Халанд има клаузула со која може да замине во Мадрид

Објавено

на

Ерлинг Халанд ги воодушеви фудбалските фанови со почетниот ефект во дресот на Манчестер Сити, а фановите на Реал Мадрид се надеваат дека ќе го добијат овој фудбалер по неколку години.

Таквиот развој на настаните го поткрепува и тврдењето на Фернандо Санц, кој вели дека од сигурни извори знае дека Норвежанецот има специјална клаузула која ќе му помогне да се пресели во Реал.

Поранешниот играч на „кралскиот клуб“ гостувал во емисијата „Ел Чирингито“ и потенцирал дека Халанд во договорот со Сити вметнал клаузула која ќе му овозможи трансфер во Реал Мадрид во 2024 година.

– Мојата информација е дека Халанд има клаузула која му овозможува трансфер по две сезони и во таа клаузула предност му е дадена на Реал Мадрид, – вели Санц, кој е и син на поранешниот претседател на Реал, Лоренцо Санц.

Доколку напаѓачот сака вакво сценарио, тогаш Сити ќе мора да му дозволи да замине, но за тоа добро ќе заработи, бидејќи Реал ќе треба да искешира 200 милиони евра.

Според договорот, трансфер една година подоцна, односно во 2025 година ќе го чини неговиот нов клуб 175 милиони евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни