Поврзете се со нас

Франција

Поранешен играч на ПСЖ удри по капитенот на клубот: Плаче цела година…

Објавено

на

Во текот на претходните неколку денови и беше потврдено дека капитенот на ПСЖ, Тијаго Силва и дефинитивно нема да ја продолжи кариерата во Париз.

Искусниот Бразилец ќе си бара нова средина каде ќе продолжи да игра, а се споменува и негово евентуално враќање во редовите на Милан.

Тијаго Силва кој долги години е капитен на ПСЖ во клубот стигна пред осум години токму од редовите на Милан, а некогашниот играч на „светците“, Жером Ротен не штедеше зборови и буквално „удри“ по Бразилецот.

Ротен изјави дека Силва никогаш не се залагал доволно на теренот, а потоа изјави дека играчот плачел цела година за договорот д аму биде продолжен.

– Никогаш не беше како Рамос или како Ван Дајк сега, никаде не би заработил пари како што зеде во Париз. Добар играч е, но ментално ограничен.

– Кога толку ги плаќате играчите се надевате дека другитеќе ги направи подобри. Тој плачеше цела година да го обнови договорот, а во тоа почна да се меша и жена му. Мора да се каже дека беше првиот кој не се согласи на намалување на платите со појавата на пандемијата, -изјави Ротен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни