Поврзете се со нас

Германија

Поранешен фудбалер на Реал Мадрид и германски репрезентативец призна дека поседувал детска порнографија

Објавено

на

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Борусија Дортмунд и Шалке 04, Криштоф Мецелдер признал дека во својот дом поседувал детска порнографија.

39 годишниот Мецелдер поседувал 297  детски порнографски фотографии кои биле пронајдени на неговиот мобилен телефон.

Мецелдер признал дека ги дистрибуирал овие материјали поради кои и се води истрага против него.

Некогашниот репрезентативец на „панцирите“ испраќал некои од фотографиите на три жени преку „Вотсап“ и сега „дебело“ ќе ја плати дистрибуцијата на порнографскиот материјал.

Инаку, во играчката кариера Мецелдер три сезони беше дел од Реал Мадрид, а своето име го прослави носејќи го дресот на Борусија Дортмунд. За репрезентацијата на Германија одигра вкупно 43 натпревари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни