Поврзете се со нас

Европски купови

Поповски и Цирих ја добија втората битка со Бенидорм

Објавено

на

Швајцарскиот прволигаш Амичитија Цирих за кого настапува нашиот Мартин Поповски издвојува триумф над Бенидорм од 34-30 на реванш средбата од квалификациите за пласман во групната фаза на Лига Европа.

Домаќините направија се за да дојдат до позитивен резултат и успеаа во тоа со добра игра пред се во вториот дел, меѓутоа овој триумф не беше доволен за да се биде севкупен победник во двомечот затоа што шпанскиот клуб во првата средба беше подобар со дури десет голови разлика (34-24).

Поповски беше автор на три погодоци, а заработи и едно исклучување. Лаубе со шест гола беше најпрецизен кај Цирих, Мартинез за гостите даде осум погодоци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни