Поврзете се со нас

Репрезентација

Полски арбитри ќе ни судат против Лихтенштајн

Објавено

на

Македонската А фудбалска репрезентација ќе одигра два натпревари во овој октомврски „прозорец“ од квалификациите за Светското првенство во 2022 година.

Првиот меч го играме в петок против Лихтенштајн во Вадуц, меч за кој веќе се одредени арбитрите кои ќе ја делат правдата. Главен судија ќе биде Бартош Франковски од Полска, судија кој редовно суди во домашниот шампионат, а кога е во прашање меѓународната сцена последен значаен тест бил натпреварот меѓу Челси и Зенит во Лигата на шампионите.

На Франковски ќе му помагаат сонародниците Марчин Бониек и Јакуб Винклер, додека четврти судија Криштоф Јакубик. Задолжен за ВАР ќе биде Павел Рашковски, а не него ќе му асистира Кжиштов Мирмус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни