Поврзете се со нас

Шпанија

Полицијата во Валенсија утврдила дека Барди има „лажна возачка дозвола“, Македонецот излезе со објаснување (Фото)

Објавено

на

Енис Барди се најде во центарот на вниманието на јавноста во Валенсија откако угледниот „Лас Провинсијас“ излезе со ексклузивна вест за непријатноста која ја имал фудбалерот на Леванте, против кого е покрената полициска истрага откако бил запрен со своето возило при една рутинска проверка.

Македонскиот репрезентативец бил застанат од двајца полициски службеници додека го возел своето „Порше“ во округот на Валенсија, по што едниот полицаец утврдил дека едниот документ не е валиден. Станувало збор за возачката дозвола на Барди издадена од страна на МВР, која според службените лица била нелегална.

Во веста на „Лас Провинсијас“ се вели дека постои сомнеж за фалсификување на документи откако возачката дозвола не го поминала тестот со „ултравиолетови зраци“, па целиот овој случај сега е проследен и до Министерството за внатрешни работи во нашата земја.

– По информациите кои ги пренесе еден медиум од Валенсија за покрената истрага против мене, сакам да го информирам следното:

1. Возачката дозвола која им ја покажав на службениците вчера на 5-ти април е валидна и издадена од службите во мојата земја.

2. Ова утро ја проследив целосната документација во локалната полиција, истиот издаден од страна на Министерството на внатрешни работи на Македонија.

3. Мојата цел е со оваа документација да се разјасни конфузната ситуација која настана, – гласи објавата на Барди.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни